Најпродаваниот дијагностички тестер – KTS 560, можете да го добиете со нашиот “СУПЕР ЛИЗИНГ – Опрема за сите” Пакет со учество 20% од нето вредноста (без ддв) и на 36 месечни рати по 130 евра!
Пакетот го вклучува :
интерфејсот (уредот) KTS 560 со кабли и конектори,
лиценца за софтверскиот пакет ESI-Tronic Master (со сите вклучени опционали на Bosch) – валиден 36 месеци од моментот на активација,
инсталација и пуштање во функција
Лизинг пакетот, може да се искористи и за другите дијагностички уреди на BOSCH (KTS 250, KTS 590), како и уредите за сервисирање на клима уред на возилата.
Дополнително, можете да добиете понуда и за други софтверски (ESI Tronic) пакети, или пресметки на помал рок на отплата….
LIQUI MOLY Македонија, непосредно пред почетокот oд новата сезона на Eвропскиот Шампионат во трки на ридски патеки (под закрила на FIA), гордо застана зад нашиот шампион и најпопуларниот професионален возач во Македонија – Игор Стефановски Иџе.
“-Горди сме на соработката и пријателството со нашиот врвен спортист Игор Стефановски Иџе, кој веќе во првите трки во Франција, Португалија, Шпанија и Чешка покажа дека е во врвна форма и дека во натпреварувањето ќе се бори за врвот.” – велат во LIQUI MOLY Македонија, новиот увозник и дистрибутер за нашата земја.
“- За LIQUI MOLY, кој 12 години по ред е Најдобриот бренд на моторни масла и адитиви во Германија, во избор на читателите на најпопуларните авто магазини во оваа земја – Auto Bild, Auto Zeitung, Auto Motor und Sport… не постои подобар Амбасадор од Иџе. Тој е врвен спортист, со огромна упорност и перфекционизам во својата работа. Храбар, фокусиран и секогаш подготвен да се натпреварува и испорачува максимални перформанси со својот спортски автомобил. Вредности кои ги одразуваат карактерот и природата и на LIQUI MOLY.”
На нашиот шампион, Иџе, му посакуваме многу среќа, храбри и безбедни трки… и се надеваме на нови триумфи, пехари и подиуми на кои гордо ќе се вее нашето знаме. А зошто да не и на нова титула за Македонија?
Германскиот производител на автомобилистички хемикалии лансира масло за менувачи за Tesla и ладилна течност за горивни ќелии.
LIQUI MOLY разви ладилна течност за горивни ќелии како и посебно масло за менувачи специјално наменето за електрични возила. Давид Каесер, шефот на одделот за Истражување и Развој во LIQUI MOLY, изјави: “Ова е само почеток на она што го имаме во развојните линии. Стоиме цврсто на нашето ветување – дека ќе понудиме вистински продукти за сите возила во светот.”
Во Европа, САД и делови од Азија, е-мобилноста е едноставно незапирлива. Иако бројот на конвенционално придвижувани возила и понатаму ќе биде многу поголем од оној на алетернативните горива во следната деценија, производителот на масла од Германија се подготвува за пресвртот во мобилноста. “Ќе постои микс на различни концепти на придвижување.” Вели David Kaiser: “Секое возило и секој производител има различни барања. Нашето истражување се грижи да ги исполниме сите одобренија и барања и, во исто време дека го испорачуваме највисокиот квалитет. ”
Квалитетот е клучниот збор во LIQUI MOLY. Разладната течност за електрични возила особено треба да исполнат многу обемни барања, Разладната течност за Горивни Ќелии FCF 20 од LIQUI MOLY е базиран на етилен гликол, комбиниран со не-јонски адитиви, се одликува со многу ниска електрична спроводливост и комбинира оптимална термална дисипација со врвна компатибилност на материјалите и стабилност на стареење. “Топлината која се развива во батериите и горивните ќелии е огромна. Па согласно тоа и барањата од разладната течност се огромни. Нашиот FCF 20 не само што е дизајниран за термално ослободување, туку исто така ја нуди и специфичната долговечност и заштита на сите компоненти позната за LIQUI MOLY,” вели Kaiser гордо. Оптималното ослободување од топлината е апсолутно неопходна за горивните ќелии, бидејќи жештината која се создава може да биде повисока од жештината која ја создаваат моторите со согорување. Ова гарантира максимален сервисен живот на компонентите. Производот е компатибилен и за Toyota Mirai, кој се смета за пионер во технологијата на горивни ќелии.
Понатамошниот развој е насочен кон возила придвижувани од батерија, кои се почести на нашите патишта. “Не е точно дека електричните возила немаат потреба од масло. Напротив, тие имаат потреба од многу квалитетни подмачкувачи во трансмисијата,” вели David Kaiser. Овде, исто така, LIQUI MOLY нуди вистинска течност прилагоден на големите вртежни моменти на мочните електрични мотори. Новото Top Tec Gear EV 510 масло за менувачи ги испорачува строгите стандарди на Tesla. Ознаката EV (Electric Vehicle) покажува дека овој LIQUI MOLY продукт е развиен ексклузивно за електрични возила. Но тоа не е се. “Го вложуваме целото искуство на нашите истражувачи и вложуваме во развој на е-продукти. Ова вклучува , на пример и разладна течност со мала проводливост за е-батерии. И тие ќе започнат набргу да се продаваат,” ветува Директорот за развој.
Впрочем, најголемиот дел од производите на LIQUI MOLY се соодветни за сите видови на погон, без разлика дали се работи за мотор со внатрешно согорување, електрични, хибридни или возила со погон на горивни ќелии. Одобренијата на производителите се доказ за тоа. “Секаде каде што се потребни посебни продукти, ќе понудиме решенија. Ова е сосема независно од видот на погон,” вели David Kaiser.
Со новите продукти, производителот ја прроширува својата палета на околу 4.000 прдукти и влегува и во сферата на алтернативните погони.
LIQUI MOLY Македонија, организира уште една промотивна акција за своите клиенти.
Со секоја набавена канта полусинтетичко или синтетичко моторно масло од 5 литри, добивате и ГРАТИС адитив за внатрешно чистење на моторот од талог, наслаги, гареж и нечистотии – Engine Flush Plus.
Овој адитив функционира многу едноставно.
Го додавате во резервоарот за моторно масло (додека во него сеуште е старото масло), ПРЕД замена, го оставате моторот да работи во место десетина минути, по што го испуштате старото моторно масло надвор од моторот.
На адитивот ова му е доволно време, за да се врзе со сите нечистотии во моторот и да ги исфрли надвор од него.
Со тоа, вашето ново масло можете да го додадете во идеално исчистен мотор одвнатре, што дополнително ќе му помогне да ги оствари идеалните перформанси.
Цената на адитивот кој во промо периодот го добивате ГРАТИС е 410 денари, што позитивно ќе се одрази на вашиот буџет.
Акцијата трае од 20.05.2022 до исцрпување на залихите.
Continental на сервисниот пазар му нуди нови три тестери, со кои ќе им се олесни работата и животот на сервисните работилници кои се занимаваат со замена и балансирање на пневматици (гуми).
Се работи за трите нови уреди – Autodiagnos Tire 100, Autodiagnos Tire 200 и Autodiagnos Tire 300.
Со овие уреди се покриваат најважните операции поврзани со гумите, сензорите за надгледување на притисокот, за патнички и комерцијални возила.
Покриена е речиси целата гама на возила кои циркулираат во Европа.
“-Најважните работи кај работилниците за гуми се – брзината, расположивоста на податоци и лесно користење” вели Филип Ковелј, Продукт менаџер во Continental.
“-Нашите уреди ви даваат брз пристап до клучните системски податоци, а благодарение на тачскринот се лесни за работа како смартфон.” – продолжува Ковелј. Нивната реакција е брза, а со уредите можете брзо да ги програмирате, активирате и активирате сеонзорите.
Autodiagnos Tire 100, Autodiagnos Tire 200 и Autodiagnos Tire 300 се идеални и за поставување на нов сет на гуми. Во уредите се реинтегрирани OBD II рутини за сетирање со што може да се додадат нови TPMS сензори во електронската контролна единица ECU на возилото, многу лесно и едноставно.
Сите уреди може да комуницираат преку Wi-Fi, а особено се истакнува нивната можност за континуирано апдејтирање на податоците онлајн.
Знаменосец во понудата
Водечки уред во палетата, секако е Autodiagnos Tire 300, уред кој ви нуди се што е потребно за менаџирање на сервисот со гуми.
Тој има голем 8 инчен екран чувствителен на допир, кој веднаш ги покажува сите податоци на ТPMS сензорите, како и податоци за вградените гуми.
Откако ќе се поврзе со возилото Autodiagnos 300 ги пренесува сите податоци на он борд електрониката на возилото.
Уредот е соодветен и за комерцијални возила, што станува особено важно, ако се земе предвид дека TPMS сензорите од Јули 2022 година стануваат задолжителни и на камиони и автобуси.
Според последните статистички податоци, процентот на клиенти кои онлајн го резервираат своето електрично рент-а-кар возило е минимален.
Како главна причина за ова се издвојуваат релативно повисоките цени на изнајмување на електричните автомобили (од конвенционалните) како и сеуште недоволно покриената мрежа на полначи во Европа.
Вкупниот процент на резервирани електрични возила во Европа, според букинг платформата Billiger-Mietwagen.de изнесува само 0,22 проценти.
Во последните 12 месеци биле резервирани само 2.500 автомобили, од кои дури 77% се резервирани во Шпанија, 10% во Франција, а само 2% во Германија.
Податоците од оваа статистичка анализа се помалку збунувачки, ако се земе предвид фактот дека рент-а-кар компаниите во последно време серозно се заинтересирани за автомобили на електричен погон, а производителите очекуваат сериозен дел од родажбата да се реализира токму преку овој канал од авто индустријата.
Volkswagen и BP, планираат поставување на околу 8.000 нови брзи полначи на струја на бензинските пумпи на BP и ARAL.
Полначите ќе бидат отворени за сите модели, но возилата од групацијата – VW, Seat/Cupra и Skoda ќе ги имаат станиците за полнење вметнати во фабричката навигација.
Секој поставен столб за полнење ќе има по два конектори со капацитет од 150 kw, а ќе имаат и сопствена бафер батерија, со сопствено напојување, поради што ќе се избегнат проблемите и трошоците од поставување на посебни, комплицирани електрични мрежи.
На почеток, полначите ќе бидат инсталирани во Германија и Велика Британија, а подоцна ќе се инсталираат и во останатите европски земји.
Цената за полнење не се споменува, иако засега во Германија, таа чини околу 70 центи за киловат час.
Моторното масло повеќе не е само течност за подмачкување, кај кое треба само да ја изберете вискозноста за вашето возило (5W-40, 10W-40…)
На моторното масло треба да му се посвети идентично внимание како и во ситуацијата кога барате и бирате резервен дел за вашето возило. Дел кој идеално ќе одговара на вашиот мотор или автомобил.
Притоа, воопшто не е лесно да се снајдете во мноштвото спецификации, апровали (одобрувања) и брендови на масло.
Токму затоа, Германскиот производител LIQUI MOLY, на својата веб страна постави модул наречен – Oil Guide (водич за избор на масло), кој е еден од најпопуларните делови од веб страната, посетуван од повеќе од 5.000 корисници дневно.
Модулот Oil Guide, поставен на веб страната, можете да го симнете бесплатно и како апликација за мобилни телефони (за iOS и Android).
Едноставен и лесен за користење, модулот може да го користат сите, од професионални сервисери до возачи.
Со само неколку клика во кои ќе го изберете – производителот на возило, моделот, годината и типот на моторот, веднаш добивате неколку продукти од гамата на LIQUI MOLY кои одговараат на вашиот мотор.
Ова е многу важно, бидејќи ако изберете несоодветно масло за вашето возило, можете да предизвиката зголемено абење (трошење) на моторните компоненти, моторни проблеми од различен тип па и целосно уништување на моторот.
Покрај соодветното моторно масло, овој модул на страната на LIQUI MOLY, ќе ви ги излиста и соодветните масла за менувач, антифриз, масла за серво воланот, диференцијалот….
Модулот има податоци од околу 80.000 возила. Датабаза која постојано се унапредува и освежува.
Ако сакате да видите кое масло од LIQUI MOLY, со која количина идеално одговара за вашето возило, посетете го следниот линк.
Српската компанија, Стојанов Ауто од Нови Сад, инаку познато авто дилерство на Рено и Нисан во Србија, се пофали со своето ново, “зелено” и економично решение.
На кровот на дилерството се поставени фотоволтаични панели и мини електрана за генерирање електрична енергија за сопствени потреби со моќност од 220 kw.
Во овој супер луксузен VIP лаунџ на Lamborghini сместен во Менхетн, ЊуЈорк, можете да влезете и уживате само со покана.
На два спрата и околу 500 метри квадратни, пробраните ќе можат да уживаат и да ги видат најновите и непокажани автомобили на Lamborghini, да уживаат во Италијанската кујна и кафе.
Пријателите на Италијанскиот бренд на ова место ќе може да организираат приватни и деловни состаноци и презентации.
Внатре, речиси се’ е автентично и Италијанско, од луксузниот мебел, до менито во кујната. При посетата на центарот имате можност и самостојно да го дизајнирате вашето Lambo.
Првиот модел кој ќе биде изложен премиерно во новиот лаунџ простор е Huracán Super Trofeo Omologata (STO) со 630 коњски сили.
На располагање на посетителите им стои и консиерж, кој ќе се погрижи искуството да биде уште понезаборавно.
Во последното истражување на двете реномирани компаниии TÜV Nord и Carly, во кое биле скенирани околу 6,6 милиони автомобили во 9 држави, било утврдено...
Германската компанија Schaeffler, која во своето портфолио ги има исклучиелно популарните европски брендови INA, Luk и FAG, на Саемот во Фрнакфурт објави дека своите...
Бројот на увезени кинески автомобили на европскиот пазар континуирано расте.Како одговор на тоа и големите производитли на резервни делови, како што е Mann-Filter го...
Германската компанија, производител на врвните моторни масла и адитиви, LIQUI MOLY, објави дека започнува сериозна борба против можното фалсификување на нивните продукти.Затоа, на капачето...
Според последната анализа на Car-Garantie, просечната цена на чинење на еден сервис во Германија чини рекордни 764 евра!Слична констатација имаше и Германската Асоцијација за Осигурувањето,...