Ауто Тренд 1, во соработка со Tec Alliance, изготви специјални три пакети, за независните сервисни работилници во Македонија, со кои им дава комплетен пристап до сервисните информации.
Во првиот пакет, по цена од 170 евра + ддв го добивате најпознатиот каталог за резервни делови на светот – TEC DOC Catalogue.
Во вториот, го добивате TEC RMI Garage Pro, со многу технички информации, шеми и графици по цена од 350 евра + ддв. Во овој пакет, можете да го користите и премиум ТEC DOC Catalogue.
И на крајот, во третиот и најцелосен пакет, покрај податоците од TEC RMI Garage Pro го добивате и најновото решение – Verified Repairs со многу познати и верификувани решенија на дефекти со кои можете да решите 8 од 10 дефекти кај возилата во вашата сервисна работилница. За ова комплетно решение, цената е само 469 евра + ддв.
Вториот и третиот сервисен пакет може да се плаќаат и квартално. Побарајте понуда!
Сите решенија се онлајн, со најнови информации за возилата кои се апдејтираат секојдневно, а корисникот се логира со username и password.
Погледнете како изгледаат трите специјални пакети на TEC ALLIANCE :
Како изгледаше четвртата партнерска средба на LIQUI MOLY Македонија, организирана овој февруари во Скопје, погледнете во краткото и енергично спакувано видео од околу две минути.
Повеќе информации за настанот можете да прегледате на овој линк.
LIQUI MOLY започна со продажба на најновото моторно масло, првенствено наменето за возилата на Stellantis групацијата – Citroën, DS, Fiat, Jeep, Opel, Peugeot како и за возилата на Toyota со бензински и дизел мотори со вградени PSA мотори.
Top Tec 6320 5W-30 ги задоволува стандардите Stellantis FPW9.55535/03 или PSA B71 2290, PSA B71 2297 како и ACEA C3 и API SP.
“Го додаваме маслото Top Tec 6320 5W-30 на нашата палета на производи за брендовите од Stellantis Group, и со тоа нудиме масло за сите видови на возила.” подвлекува Раинер Шонфелдер, Aпликативен Инжинер во центарот за истражување и развој на LIQUI MOLY..
Новото масло е соодветно за бензинските мотори EB2 и за DV5R, DW10F и DW12R дизел моторите направени од 2012 година наваму. “Многу од овие возила имаат потопен во масло запчест каиш. Како резултат на тоа моторите се подложни на големо трошење и абразија. Оваа нова формула е наменета главно на тоа,” објаснува Рајнер Шонфелдер. “Да се спречи абење (трошење) на запчастиот ремен, битно е да го имаме вистинското масло и да ги почитуваме строгите серрвисни интервали.”
Маслото на LIQUI MOLY со мало ниво на пепел и ниско триење го штити моторот од абење, сречува создавање на гареж и го одржува чист моторот, благодарение на неговите одлични својства на чистење. Ова исто така го спречува пред-палењето на ниски брзини ( low-speed pre-ignition -LSPI), непосакувано едвремено палење кои може да предизвика непоправлива штета на моторот.
Ова предвремено палење се случува кај модерните бензински мотори со директно вбризгување кои се намалени (компресирани).
Top Tec 6320 5W-30 го штити моторот и обезбедува подлг животен век.
Германскиот производител на моторни масла и адитиви LIQUI MOLY и покрај турбулентните случувања и економската криза ја заврши 2025 година со пораст на продажбата од 8%.
Две третини од вкупниот промет се генерирани на странските пазари.
Со тоа е остварен нов рекорд од произведени 119,000 метрички тони масло, 40 милиони контејнери и 25 милиони пакувања на адитиви. Како резултат на тоа, фабриката во Сарлуис, Германија ќе го зголемува својот капацитет на 160.000 метрички тони, а се планира зголемување на производните капацитети и во централата на брендот во Улм, преку нови линии за полнење, нов процес на автоматизација и дигитализација.
Liqui Moly / Meguin Reportage / Dokumentation am Dienstag (25.07.2017) und Mittwoch (26.05.2017) in Sarlouis.
Се подготвува и нов логистички центар во северен Улм, во кој ќе се складира најголемиот дел од произведените продукти во компанијата.
Како резултат на одличните резултати, секој вработен во LIQUI MOLY, а ги има околу 1,300, ќе добие годишен бонус во висина до 7.000 евра!
Германскиот производител на моторни масла, масла за менувач и адитиви LIQUI MOLY, кој во својата понуда има и сериозни машини и сервисни алатки и опрема, промовираше нова машина за сервис на сопирачки, т.е. за промена на глицерин.
Машината го носи името Brake Fluid Tronic, има комплетно автоматизирана и електронски водена операција, која е едноставна и која може да ја извршува само едно лице во сеекоја механичарска работилница.
Со машината Brake Fluid Tronic, промената на глицеринот оди брзо, чисто и комлетно безбедно – без да се пумпаат педалите, да се изложува на ризик системот за сопирање, и сето тоа под контролиран оперативен притисок.
Како изгледа целиот процес, можете да видите во следното видео :
Предности на машината:
Професионален сервис на течноста за сопирање – идеална за ABS/ESP системи
Електронска контрола на притисокот за константен проток на притисок
Тестирање за протекувања со интегрирана функција на извлекување
Дигитален дисплеј за контрола на притсокот и автоматско прилагодување
Оперативност од само еден човек (мајстор)
Адаптер за околу 90% од сите видови на возила – вклучен во китот
Опционален сет на адаптери за други модели
Чиста, брза и доверлива работа
Brake Fluid Tronic e oдлична алатка за подигнување на профитабилноста на вашиот сервис и максимизирање на задоволството на вашите клиенти, а испораките ќе почнат во првиот квартал од следната, 2026 година.
Машината можете да ја порачате кај овластениот и екслузивен увозник и дистрибутер за Македонија – ЛИКВИ МОЛИ Македонија, кај кои можете да добиете и комплетна поддршка со висококвалитетните производи : глицерин, чистачи, спрејови, опрема и маркетинг поддршка.
Автосервис Клинчар – Vulco од Неготино е новиот сопственик на целосно автоматизираната машина за чистење и менување на масло во автоматски менувачи од LIQUI MOLY.
Maшината го носи името Gear Tronic III и доаѓа како трета генерација на машините за промена на масло кај автоматски менувачи од LIQUI MOLY.
Инсталацијата и обуката во Неготино беа направени од страна на сопственикот на Астра МС, Бош Кар Сервис од Скопје, Влатко Станковски, кој и самиот ја поседува и користи машината Gear Tronic III.
Машината Gear Tronic III е произведена од производителот на опрема – MАHLE, но сите спецификации и детали во нејзиниот развој беа прецизирани од страна на врвните техничари и експерти на производителот на масла од Германија – LIQUI MOLY.
Машината може да се набави само преку каналите на компанијата од Улм.
Она што ја карактеризира машината Gear Tronic III е што целиот процес е автоматизиран и прилично едноставен.
Пред секоја операција, внесувајќи ги деталите за автомобилот – производител, модел, година на производство и мотор, на дигиталниот дисплеј на машината ги добивате сите потребни детали – кое масло од палетата на LIQUI MOLY треба да го искористите и во која количина.
Преку повеќе фотографии и инструкции, кои се повеќејазични (постои избор на германски, англиски, хрватски јазик…) можете да видите кои конектори треба да ги употребите и каде треба истите да се поврзат со системите во возилото.
Користењето на датабазата и податоците, се бесплатни.
Откако ќе ги поврзете конекторите со машината, преку едноставни операции можете, најпрвин, да започнете со автоматско чистење на менувачот (со посебни адитиви на LIQUI MOLY), а подоцна и со извлекување на старото масло за менувач, чија состојба можете да ја видите преку проѕирен дисплеј во форма на епрувета – позиционирана на предниот дел на машината, во која постојано циркулира маслото.
По завршување на процесот на чистење, машината, од посебен канистер, го повлекува новото масло и започнува да го полни автоматскиот менувач, во количина, дефинирана согласно препораките на производителот на возилото.
Сите операции се автоматски, па мајсторите во сервисот, додека трае циклусот на промена на масло, може да извршуваат други операции, а целата постапка заштедува голем дел од нивното време и енергија.
При секоја нова фаза, или евентуален проблем, Gear Tronic III, дава звучен предупредувачки сигнал и веднаш дава сугестии за чекорите кои водат кон следната постапка.
Повеќе за машината, погледнете на следното видео :
Откако ќе заврши промената на маслото, имате можност да направите и принт аут (да ја испечатите комплетната историја на промената на масло) која може да му ја дадете на вашиот клиент или податоците да ги снимите на usb.
За крај, секако им честитаме на изборот и им посакуваме многу успех на луѓето од Автосервис Клинчар-Vulco во Неготино, кај кои сега можете да се обратите за промена на маслото во автоматски менувачи на тел. 078 361 450.
LIQUI MOLY Македонија на своите клиенти, во вистинско време, пред зимскиот пад на температурите, им ја промовира концентрираната течност – Windshield Antifreeze Concentrate.
Концентрираната течност, која можете да ја измешате со дестилирана вода, има состојки кои фиксно ќе ја исчистат површината на вашите ветробрански стакла, а истовремено, ќе го спречи мрзнењето на шофершајбната.
Чистата или разредена течност, ќе го спречи и мрзнењето на прскалките за вода во автомобилот до температури до –52 °C.
Оваа течност на LIQUI MOLY e идеална и за новата технологија на бришење, како и за LED xenon предните светла како и за пластичните трепкачи направени од поликарбонат.
Течноста не влијае штетно а пластиката, гумените компоненти или бојата.
Испитувањата покажуваат дека течноста може да ја користите без мешање со вода, при што се превенира мрзнење на стаклата и системите до -52 °C .
Ако пак направите мешање на концентратот со вода, мрзнењето се превенира до следните температури :
На Саемот за опрема во Париз, Еquip Auto, германскиот производител на опрема за сервисирање MAHA, ја доби наградата за најдобра гаражна (сервисна) опрема.
Од меѓународното жири, MAHA ја доби наградата за иновативниот автономен систем за инспекција на возила – MAHA Autonomous Inspection Assistant (MAIA).
Иновативниот робот на Маха, ги комбинира автономната технологија со напредната дијагностика.
Роботот ги лоцира и идентификува автономно возилата кои ќе се постават на клупата за тестирање, и може да спроведе повеќе активности како што се – подесување на светлата, подесување геометрија на тркалата (центрирање), калибрирање на системите за асистенција на возачот (ADAS)…
Уште еден јубилеен Саем посветен на автомобилската индустрија, Equip Auto, ја прослави својата традиција од 50 години со убава манифестација во главниот град на Франција, Париз.
На манифестацијата која се одржа од 14ти до 18ти Октомври, 2025 година продефилираа и се претставија многу производители на резервни делови, опрема и алати за сервисирање, технологија, гаражна опрема…
Производителите одржаа многу презентации, прес конференции, состаноци и средби со своите потенцијални или долгогодишни клиенти и соработници од светот.
Сосема логично, доминираа производителите од Франција, но тука беа и неизоставните – Мagneti Marelli, Hella Gutman, Texa, Maha, PPG, Bardahl, Continental, Launch… кои дадоа се од себе на илјадниците посетители да им ги претстават своие најнови иновации, производи и технологија.
Во последното истражување на двете реномирани компаниии TÜV Nord и Carly, во кое биле скенирани околу 6,6 милиони автомобили во 9 држави, било утврдено...
Германската компанија Schaeffler, која во своето портфолио ги има исклучиелно популарните европски брендови INA, Luk и FAG, на Саемот во Фрнакфурт објави дека своите...
Бројот на увезени кинески автомобили на европскиот пазар континуирано расте.Како одговор на тоа и големите производитли на резервни делови, како што е Mann-Filter го...
Германската компанија, производител на врвните моторни масла и адитиви, LIQUI MOLY, објави дека започнува сериозна борба против можното фалсификување на нивните продукти.Затоа, на капачето...
Според последната анализа на Car-Garantie, просечната цена на чинење на еден сервис во Германија чини рекордни 764 евра!Слична констатација имаше и Германската Асоцијација за Осигурувањето,...