Тимот на LIQUI MOLY веднаш по четвртата партнерска средба, ја инсталираше и пушти во функција новата машина за чистење и автоматско менување на масло во автоматски менувачи ATF во сервисот Дини Блу од Гостивар.

Maшината Gear Tronic III e комплетно автоматизирана, а постапката е лесна и едноставна и бара елементарни познавања од областа на машинството.
Сите операции се објаснети прецизно во упатствата, шемите и графиконите кои се онлајн и дел од отворениот софтвер на LIQUI MOLY за кој клиентите не треба да плаќаат никакви годишни доплати и хонорари.

Во инсталацијата и кратката обука асистираше и соработникот на LIQUI MOLY Македонија, Влатко Станковски, сопственик и менаџер на ASTRA MS – Bosch Car Service од Скопје.





















