Автомобилските гиганти Stellantis и Valeo, за прв пат во Европа во категоријата поправени, “реман” делови ги воведуваат и LED светлата за моделите на Peugeot достапни од 2025 година.
На саемот во Амстердам, Stellantis и Valeo, во категоријата реман делови ги претставија LED светлата и инфотејнмент дисплејот.
За да се пушто во оптек, на пример еден LED фар, според експертите од Valeo се превзема сериозна производна процедура, во која се користат околу 50% од материјалот на стариот фар, кој потоа се освежува со нови материјали, за да повторно ја добие својата функционалност, или својот “втор живот”.
Конкретно, останува LED модулот, со што се намалува околу 70% од емисијата на CO2, ако наместо стариот се произведува сосема нов модул.
Покрај сериозната заштита на животната средина со овие постапки на ре-производство, се очекува сериозно да се намалат и цените на деловите во афтермаркет сегментот, што е особено значајно ако се земе предвид фактот дека токму новите LED светла може да чинат и по неколку илјади евра.
Ре-производството се прави во фабриките на Valeo во Полска и Франција.





















