Познатата Германска компанија MAHA, која главно произведува и дистрибуира дигалки и опрема за технички преглед, неодамна претстави нов роботизиран концепт наречен MAIA “Maha Autonomous Inspection Assistant, што во превод би значело Автономен Асистент за инспекција на MAHA.
Системот е претставен од специјалн робот кој автономно ја врши инспекцијата на возилото. Роботот, кој беше номиниран и за главна награда за иновација на саемот Аутомеханика – “Automechanika Innovation Award,” циркулира околу возилото, скенира и бара оштетувања со својата шест линковска рака со сензори.
Системот, покрај инспекцијата е способен да направи и подесување на предните светла, подесување на геометрија на тркалата (центрирање), па дури и ADAS калибрација.
Иницијалните тестирања ќе бидат спроведувани во текот на 2025 година, а следната, 2026 година, се планира поголема акција на тестирање во реални ситуации.


























