Според статистичките податоци на Германската Асоцијација на Транспорт, електричните возила имаат многу помали дефекти на патот од оние со класични мотори на согорување.
Според податоците изнесени од ADAC, за возилата кои за прв пат биле регистрирани во периодот од 2020 до 2022, регистрирани се 3,8 дефекти на пат на 1.000 возила за електричнитер возила, додека просекот за возилата со мотори со внатрешно согорување изнесуваат 9,4 дефекти на 1.000 возила.
Дополнително, податоците покажуваат дека и бројот на дефекти кај електричните возила над 3 години старост, опаѓа, што веројатно се должи на веќе отстранетите “детски болести” кај електричните возила, кои се утврдени и отстранети од производителите.
Познатата компанија AMS Osram, понуди специјално предупредувачко светло на батерии, кое може да се активира во случај на дефект на возилото или сообраќајна незгода.
Светлото емитува предупредувачка, трепкачка портокалова светлина, и може да се користи како додаток на предупредувачкиот триаголник.
Светлината ја даваат 10 LED сијалички, кои се доволно силни и дење и ноќе.
Кутијата е отпорна на вода, ветер, удар и прашина, а нејзината магнетна основа, дава можност да се залепи на самото возило.
Уредот има и интегриранa SIM картичка, која емитира безбедносна информација, која пак оди во безбедносни системи за опасност во сообраќајот, и се емитува како потенцијална опасност.
Уредот LED Guardian Road Flare Signal V16 IoT на AMS Osram, е особено корисен на автопат, и им дава можност на возачот и сопатниците во случај на дефект, да останат во своето возило и да ја почекаат помошта на пат.
Oдговорните лица во Würth,објавија дека стануваат официјален спонзор на возбудливите моторциклистички трки Моto GP, при што главниот фокус ќе биде ставен на тимовите да им се обезбедат високо квалитетни алатки.
Во актуелната сезона Würth ќе биде присутен на трките во Италија, Шпанија и Индонезија, со силен брендинг на патеките, во областите за прием на вип личности и во дигиталните материјали.
На крајот на минатата 2024 година, Würth имаше 88.400 вработени лица, во 400 компании, со 2.800 продавници во 80 земји.
По деценија отсуство од пазарот во Велика Британија, Германска Hella пушта во продажба сериозна палета на продукти од системот за сопирање.
Како што велат во Hella, со ова се испорачува комплетна услуга, а палетата вклучува и шепи, барабани, мастер и цилиндри за тркала, индикатори за истрошеност, електроника и ABS сензори.
Плочките за сопирање на Hella се направени по стандарди на оригиналните производи (OE) при што се употебуваат околу 200 компоненти на фрикциони материјали.
И дисковите се направени по OE стандарди, со карбонска (јаглеродна) содржина, за намалување на топлината при сопирање, а истите се обложени со посебни материјали кои штитат од корозија, што пак го штеди времето за чистење при монтирање.
Вкупната бројка на позиции на артиклите кои се продаваатво Велика Британија, ќе изнесува околу 9.000.
Порано од предвиденото, побрзо од планираното, претставниците на LIQUI MOLY објавија дека во минатата, 2024 година ја надминале границата на промет од 1 милијарда евра.
Поради тоа, компанијата на своите вработени им врачи специјален бонус за одлични перформанси.
Производителот на масла и адитиви од Улм, ја заврши фискалната година со промет од 1,03 милијарди евра, што претставува пораст од 12,4% во споредба со претходната година.
Произведени се рекордни 111.000 тони масло, 24 милиони пакувања со адитиви, 36 милиони контејнери за масло (буриња).
Во компанијата во моментов се вработени околу 1.200 вработени лица, кои сите добиле бонус кој се движел до 7.000 евра.
Покрај Германија, и САД се исклучително успешен пазар за LIQUI MOLY.
Со новиот уред на Kärcher – Puzzi 2/1 Bp кој претставува уред за прскање и извлекување на флеки и маснотии, а кој е погонуван на батерии, ефикасно можете да ги исчистите навлаките и теписоните во возилата.
Тежи само 4 килограми, наполнет има рок на траење од 37 минути, што го прави идеален уред за мобилна работа и притоа не ви треба приклучок за струја или продолжен кабел.
Со уредот можете да отстранувате флеки од пијалок, остатоци од страна и други нечистотии.
Уредот прво прска вода со адитив за чистење, а потоа ги всисува и водата и нечистотиите по што остава чиста површина. Зависно од тежината на валканоста, постапката може да треба да се повтори неколку пати.
Фото – Karcher
Резервоарот за чист вода, има капацитет од 1,7 литри и може многу лесно да се отстрани и дополни, слично како уредите за правење кафе.
Всисувањето на течноста автоматски запира кога ќе се наполни и резервоарот за нечиста течност, кој има капацитет од 2,9 литри.
Производителот на моторни масла од Германија, LIQUI MOLY, започнува стратешка соработка со BOSCH CAR SERVICE мрежата која ќе ја снабдува со моторни масла, адитиви и сервисни препарати.
Стратешката соработка започнува на 01 Април, 2025 година.
Мрежата BCS (Bosch Car Service) e една од најголемите мрежи на независни сервиси во Европа и има околу 1.200 официјални, овластени сервиси, главно во Германија, Австрија и Швајцарија.
Со соработката и LIQUI MOLY влегува во Bosch “Extra” бонус системот, преку кој, сите сервиси кои набавуваат продукти од LIQUI MOLY добиваат поени, кои може да ги искористат за неготовински награди.
Автомобилските гиганти Stellantis и Valeo, за прв пат во Европа во категоријата поправени, “реман” делови ги воведуваат и LED светлата за моделите на Peugeot достапни од 2025 година.
На саемот во Амстердам, Stellantis и Valeo, во категоријата реман делови ги претставија LED светлата и инфотејнмент дисплејот.
За да се пушто во оптек, на пример еден LED фар, според експертите од Valeo се превзема сериозна производна процедура, во која се користат околу 50% од материјалот на стариот фар, кој потоа се освежува со нови материјали, за да повторно ја добие својата функционалност, или својот “втор живот”.
Конкретно, останува LED модулот, со што се намалува околу 70% од емисијата на CO2, ако наместо стариот се произведува сосема нов модул.
Покрај сериозната заштита на животната средина со овие постапки на ре-производство, се очекува сериозно да се намалат и цените на деловите во афтермаркет сегментот, што е особено значајно ако се земе предвид фактот дека токму новите LED светла може да чинат и по неколку илјади евра.
Ре-производството се прави во фабриките на Valeo во Полска и Франција.
На нашиот сервисен пазар, бизнисот со авто стакла, се чини дека сеуште не е препознаен како бизнис кој може да им донесе на сервисерите одлична можност за заработка и профит.
Според информациите, слична е ситуацијата и во други европски земји, каде сервисите го запоставуваат овој мултимилионски бизнис и го препуштаат на други сервисери или сервисни ланци.
Причините за ова, се различни – како на пример недостаток на рутина во работата, страв од скапи грешки, сериозни инвестиции во опрема, алат и софтвер, се поголемата комплексност на технологијата со сензори, неизвесните исходи од наплатата на полиси од осигурителните компании.
Од тие причини, во Германија, неколку индустриски лидери : Würth, Saint-Gobain Sekurit Service, Hunter Germany, и Sika Germany, решија да ги здружат силите, знаењето и вештините и да направат посебен тренинг кој ќе биде TÜV – сертифициран.
Новиот тренинг треба да го носи називот – “Specialist in Automotive Glazing and Sensor Technology” или во превод, Специјалист за Авто Стакла и технологија на сензори, ќе се работи во мали групи од 6 до 10 кандидати и ќе чини 1,400 евра.
Семинарот ќе трае по 2 дена, и на него ќе се изучува целиот ток на сервисната активност – од прием на клиентите, преку работа на авто стаклата, до калибрирање на ADAS системите.
Фото – Wurth
Целта ни е да створиме специјалисти во бизнисот со авто стакла и сензори. – изјави Бастијан Волтер, Менаџер за клучни клиенти во Вурт.
ZF Aftermarket ја шири својата понуда на делови за трансмисија за уште околу 2.000 артикли, со кои сака да ја покрие и авто индустријата.
ZF Aftermarket на саемот за поправени (remanufactured) делови во Амстердам, ја претстави и поправената Central Brake Unit (Централна единица за сопирање) на WABCO (кој е дел од ZF групацијата), за прв пат во реман изведба. Оваа централна единица на системот за електронско сопирање (EBS) ќе биде достапен меѓу првите артикли достапни во реман изведба.
Овие поправени делови, ќе се продаваат под брендот ZF Reman, а производителот гарантира квалитет идентичен на оригиналниот дел.
Во последното истражување на двете реномирани компаниии TÜV Nord и Carly, во кое биле скенирани околу 6,6 милиони автомобили во 9 држави, било утврдено...
Германската компанија Schaeffler, која во своето портфолио ги има исклучиелно популарните европски брендови INA, Luk и FAG, на Саемот во Фрнакфурт објави дека своите...
Бројот на увезени кинески автомобили на европскиот пазар континуирано расте.Како одговор на тоа и големите производитли на резервни делови, како што е Mann-Filter го...
Германската компанија, производител на врвните моторни масла и адитиви, LIQUI MOLY, објави дека започнува сериозна борба против можното фалсификување на нивните продукти.Затоа, на капачето...
Според последната анализа на Car-Garantie, просечната цена на чинење на еден сервис во Германија чини рекордни 764 евра!Слична констатација имаше и Германската Асоцијација за Осигурувањето,...